• сабота, 23 ноември 2024

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6

Снопче: Бројот 6 првиот совршен број, 6 точки на дигитализација зошто треба да се гласа за бројот 6

Тетово, 27 април 2024 (МИА) - На денешната презентација на програмата „План 2030“ на коалицијата Вреди, кандидатот за пратеник Халил Снопче ги претстави шесте важни точки од платформата во процесот на дигитализација, како и кои се причините да се гласа за коалицијата.

Платформата Вреди, според Снопче, ќе го поддржи образовниот процес да се дигитализира, што ќе биде тесно поврзано со другата точка за зголемување на економските инвестиции преку дигитализација.

-Еден од главните приоритети на изборната програма на коалицијата ВРЕДИ е бескомпромисната борба против корупцијата. Дигитализацијата на државата ќе ги реорганизира процесите, ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ги намали можностите за корупција во јавната администрација, промовирајќи ја довербата и одговорноста кај граѓаните. Преку дигитализацијата на услугите ќе се минимизираат директните контакти на граѓаните со луѓето, а со тоа ќе се минимизираат и можностите за корупција. Дигитализацијата во образованието гарантира дека нашите студенти се опремени со потребните вештини за дигитална економија, усогласување на нашиот образовен систем со европските стандарди и зголемување на можностите за нашите млади луѓе. Со искористување на дигитализацијата, можеме да ја придвижиме нашата економија напред, правејќи ја поагилна, иновативна и конкурентна во регионот, привлекувајќи инвестиции и поттикнувајќи одржлив раст, нагласи Халил Снопче.

Како други важни точки, во областа на дигитализацијата „Вреди“ предвидува почиста животна средина, подобрување на услугите за граѓаните и промоција на иновациите и вработувањето на младите.

-Дигитализацијата нуди решенија за подобрување на одржливоста на животната средина преку промовирање на процеси без хартија, намалување на отпадот и имплементирање на паметни технологии за поефикасно следење и управување со ресурсите. Дигитално вештите граѓани ќе имаат корист од лесниот пристап до владините услуги, намалувањето на бирократијата и зголемувањето на практичноста, што на крајот ќе го подобри нивното севкупно задоволство од владините услуги. Затоа, ќе инвестираме во бесплатни обуки за граѓаните за да можат да добиваат административни услуги од дома, без да одат на шалтери. Инвестициите во дигитализација и поддршка на стартапи ќе создадат плодна почва за иновации, претприемништво и отворање нови работни места, особено во корист на младите придонесувајќи за енергична и динамична работна сила во нашата земја, порача Халил Снопче.ас/вј/

Фотo Арбен Таравари ПР 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан