• недела, 04 август 2024

Смртоносен напад на мечка врз работник во зоолошката градина во Шангај

Смртоносен напад на мечка врз работник во зоолошката градина во Шангај
Пекинг, 19 октомври 2020 (МИА) - По смртоносниот напад на мечка врз еден работник во шангајската зоолошка градина, Управата ветила дека ќе го подобри системот за заштита на посетителите и животните. Трагичниот настан се случил пред полн автобус со посетители во делот на зоолошката градина, каде живеат дивите ѕверки. Управата на ЗОО изразила сочувство до семејството на настраданиот работник и соопшти дека паркот ќе биде времено затворен поради „активности за подобрување на безбедносниот систем“. гт/

Остани поврзан