• среда, 27 ноември 2024

Словачката претседателка Чапутова во посета на Киев

Словачката претседателка Чапутова во посета на Киев

Киев, 10 мај 2024 (МИА) - Словачката претседателка Зузана Чапутова, чиј мандат истекува, денеска пристигна во проштална посета на Киев, соопшти нејзиниот портпарол Мартин Стрижинец.

„Денес пристигнав во Киев во проштална посета. Ова е веќе четврти пат за време на мојот претседателски мандат, трет пат - за време на војната“, напиша Чапутова на Фејсбук.

Таа додаде дека пристигнала со „добри вести“ за помошта на Словачка за Украина во висина од над четири милиони евра за набавка на артилериски гранати. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан