• понеделник, 23 декември 2024

Скопјанка починала на паркинг кај поликлиниката „Јане Сандански“

Скопјанка починала на паркинг кај поликлиниката „Јане Сандански“
Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) - Четириесет и осумгодишна скопјанка починала вчера на паркингот меѓу поликлиниката „Јане Сандански“ и црквата „Св. Илија“ во Скопје. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 48-годишната Ф.Ц. починала во патничко возило „Хјундаи туксон“. Жената била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц. Од лекар на Итната медицинска помош е констатирана смрт, а телото на починатата е предадено на обдукција. Случајот е пријавен во полиција во 13:10 часот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. бак/дма/  

Остани поврзан