• сабота, 23 ноември 2024

Скопјанка приведена поради кражба во продажен објект во Куманово

Скопјанка приведена поради кражба во продажен објект во Куманово

Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - Скопјанка е приведена поради кражба во продажен објект во Куманово, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, 49-годишната скопјанка е приведена вчера во 19:20 часот во Куманово.

- Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект на булеварот „Октомвриска револуција“, при што одзела повеќе предмети, се наведува во соопштението.

Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а таа е задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/бак/

Остани поврзан