Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа
- Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С., на возраст од 26 години од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа, појаснуваат од МВР.

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Скопјанец бил приведен поради заканување на сосетка, кршење ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 16:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле Б.Ј., 36-годишен скопјанец. Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С., на возраст од 26 години од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште на едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа, појаснуваат од МВР.
Лицето било пренесено во здравствена установа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. бд/дма
Фото: МИА архива