• петок, 23 август 2024

Скијачи и тренер од Јужна Кореја загинаа во Нов Зеланд

Скијачи и тренер од Јужна Кореја загинаа во Нов Зеланд

Џералдин, 22 август 2024 (МИА) - Тројца членови на јужнокорејскиот тим за крос-кантри скијање загинаа во несреќа во Нов Зеланд, пишува „NZ Herald“.

Инцидентот се случил вчера, во близина на градот Џералдин. Спортистите и нивните тренери се враќале од тренинг кога доживеале сообраќајна несреќа во која учествувале две возила. Во несреќата загинаа двајца скијачи и еден тренер, а уште неколку лица меѓу кои и возачот се тешко повредени. Во моментов се расчистуваат околностите и причините за несреќата.

- Не можеме да дадеме какви било информации за ова прашање во оваа фаза бидејќи полицијата сè уште истражува, рече портпаролот на корејската амбасада во Велингтон.

Тимот на Јужна Кореја пристигна во Нов Зеланд за да учествува на Зимските игри кои ќе се одржат од 23 август до 8 септември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан