• сабота, 23 ноември 2024

Си повика на модернизација на кинеската граница, морската и воздушната одбрана

Си повика на модернизација на кинеската граница, морската и воздушната одбрана

Пекинг, 1 август 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека унапредувањето на изградбата на модерна гранична, поморска и воздушна одбрана е вроден услов за националната одбрана и воената модернизација.

-Важно е сите надлежни органи да ги разберат новите околности, карактеристики и барања за работа на развојот на граничната, поморската и противвоздушната одбрана, да го зајакнат чувството за одговорност, да негуваат иновативни идеи и да се стремат кон изградба на силна, безбедна и модерна граница, поморска и воздушна одбрана, рече Си на седницата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, што се одржа во пресрет на Денот на армијата, кој се слави на 1 август, пренесуваат кинеските медиуми.

Си посочи дека границата, морето и воздушната одбрана се важен симбол на националниот суверенитет, „клучна порта за националната безбедност и важна гаранција за националниот развој“.

-Како што светот претрпува длабоки промени невидени во текот на еден век, со забрзано темпо, факторите на влијание станаа покомплексни и сложени. Императив е да се придржуваме до системското размислување, да се зајакне целокупната координација и да се подобри сеопфатната способност за заштита на националниот суверенитет и безбедноста на границите, рече кинескиот претседател и додаде дека од клучно значење е да се воспостави ефективен одбранбен систем кој гарантира безбедност и истовремено го поддржува развојот.

Исто така, нагласи тој, „важно е да се негуваат добрососедски односи и прагматична соработка со соседните земји со цел да се создаде поволна средина за развој на граничната, поморската и воздушната одбрана“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан