• среда, 26 март 2025

Сити го искушува Родриго со примамлива понуда

Сити го искушува Родриго со примамлива понуда

Мадрид, 25 март 2025 (МИА) - Таткото на крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго одржал состанок со претставници на Манчестер Сити, на кој се обиделе да го убедат бразилскиот фудбалер да им се приклучи на „граѓаните“. Ова го објави новинарот Едуардо Инда за „Ел Чирингито“.

Според изворот, средбата се случила пред неколку недели. Претставниците на Манчестер Сити му понудија на Родриго поголема плата од шпанскиот гигант, а дадоа и гаранција дека ќе игра на омилената напаѓачка позиција.

Оваа сезона бразилскиот напаѓач одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна 13 гола и постигна осум асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година.

Според информациите на порталот „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 100 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан