• сабота, 23 ноември 2024

Сиријци и Алжирци, шверцери на мигранти, пукале врз албанската полиција на границата со Косово

Сиријци и Алжирци, шверцери на мигранти, пукале врз албанската полиција на границата со Косово

Тирана, 26 мај 2023 (МИА) – Тежок инцидент се случиј во зелениот појас на албанско – косовската граница, во близина на преминот Морина, во кој сириски државјани шверцери на мигранти пукале врз албанската полиција, на што таа одговорила, но нема повредени, јавија албанските медиуми повикувајќи се на полициско соопштение.

Според полицијата во Кукс, финализирана е акцијата „Структурирање“ при што дошло до размена на оган меѓу полицајците и трговците со луѓе. Во истата куршумите продреле во заштитната облека на двајца полицајци, кои за чудо не се повредени. Разбиена е криминална група која организирала меѓународен шверц на имигранти од трети земји, од Грција кон Албанија, Косово и Србија, со крајна дестинација земјите од ЕУ, наведуваат медиумите.

Уапсени се петмина сириски и еден алжирски државјани, а се трага по еден алжирски државјанин.

Полициските службеници ги предупредиле да застанат на што дел употребиле огнено оружје, сериозно загрозувајќи ги животите на полициските службеници. Веднаш било комуницирано со Граничната полиција на Косово, за блокирање на границата од косовска страна, а по неколкучасовна потера, полициските служби успеале да ги уапсат шесте лица, стои во полициското соопштение.

Процедурните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Кукс за понатамошни дејствија. вт/сд/

Остани поврзан