• вторник, 24 декември 2024

Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, доколку не се најде решение ќе се активира генералниот штрајк

Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, доколку не се најде решение ќе се активира генералниот штрајк

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) – Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) очекува да ги повика помирувачот за да изнајдат решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии.

-Помирувачот што ние го предложивме веднаш беше прифатен од Министерството и чекаме да не повика на разговор. Тој е должен во рок од три дена да го врати мандатот доколку не може да најде решение, изјави Васе Неданоски од Синдикатот на УЈП за МИА.

Доколку сегашниот помирувач не е во земјава и не може да го спроведе помирувањето, како што кажа, на негово место може да се назначи друг. Сепак, Неданоски очекува за пет до шест дена да заврши процедурата за помирување.

-Доколку не се изнајде решение за неколку денови ќе се активира одлуката за генерален штрајк при што ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање. Ние не сме дел од одбраната или внатрешните работи па да имаме некакво ограничување што смееме, а што не смееме да правиме за време на генерален штрајк, посочи Неданоски.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан