Синдикалната организација при царинската управа - УПОЗ донираше опрема на Детската клиника во Скопје
- СООПШТЕНИЕ - Синдикалната организација при Царинската управа - УПОЗ заедно со Гранскиот синдикат УПОЗ, донираше опрема за Детската клиника во Скопје по повод одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден на жените.
Скопје, 7 март 2024
Синдикалната организација при Царинската управа - УПОЗ заедно со Гранскиот синдикат УПОЗ, донираше опрема за Детската клиника во Скопје по повод одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден на жените.
Донацијата се состои од мултифункционален монитор кој се користи за следење на виталните параметри на потешко болните деца, како и дигитална вага со висинометар за мерење на телесната тежина и висина на пациентите за одделот на Гастроентерохепатологија. Опремата ќе се користи во секојдневното следење на дечињата кои се лекуваат на овој оддел и имаат потреба од постојана нега.
Членовите на Синдикалната организација при Царинската управа - УПОЗ уште еднаш на дело покажаа дека заложбите имаат колективно, не индивидуално значење и дека хуманоста е темел на вредностите во кои веруваме и за кои се залагаме.
Нека е честит 8-ми Март Меѓународниот ден на жената.
Царинска управа
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Царинска управа