• сабота, 20 јули 2024

Симона Халеп: Минатата година ми беше најтешка во кариерата

Симона Халеп: Минатата година ми беше најтешка во кариерата
Мелбурн, 5 јануари 2022 (МИА) – Поранешната тенисерка број 1, Симона Халеп, која денеска ја победи Дестани Ајава во првото коло на турнирот во Мелбурн (6:4, 6:2), ги сподели своите очекувања од настапите во 2022 година. - Минатата година беше многу тешка и можеби најтешка во мојата кариера, но сега сум среќна што се враќам во Австралија. Навистина имам топли чувства за ова место, па затоа денешната победа ми значи многу. Мислам дека паузата поради повредата ми овозможи малку да се одморам - бев во врвот долги години и притисокот беше многу висок. Се чувствував неверојатно исцрпено. Следна ривалка на Халеп на турнирот во Мелбурн ќе биде нејзината сонародничка Елена-Габриела Русе. зс/

Остани поврзан