Силен земјотрес во Атлантскиот Океан
- Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Атлантскиот Океан, соопшти Геолошкиот завод на САД.

Вашингтон, 24 мај 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Атлантскиот Океан, соопшти Геолошкиот завод на САД.
Најблиското населено место од сеизмичката активност е островот Света Елена, кој е лоциран речиси меѓу Африка и Јужна Америка.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту за можна опасност од цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на повеќе од 900 километри од најблиските населени места. кб/гт/