• понеделник, 29 јули 2024

Си-ен-ен: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е многу поголем од официјалните податоци

Си-ен-ен: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е многу поголем од официјалните податоци
Вашингтон, 17 ноември 2020 (МИА) - Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен објави видеоснимка од пренатрупана болница во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многу поголем отколку што покажуваат официјалните податоци. Си-ен-ен објави видеоснимка, што ја добила од руски лекар во средината на октомври од болница во Уљановск, град околу 700 километри источно од Москва. На снимката се гледаат безживотни тела на носила, а само на неколку метри пациенти со Ковид-19 се борат за живот. - Вака изгледаат нашите ноќи, застрашувачки, се слуша машки глас на видеоснимката. Си-ен-ен тврди дека добила повеќе такви снимки. Американската телевизија доби и пристап до привремената болница со 1.300 кревети во Москва, која е поставена на лизгалиштето за светското првенство. Но во болницата наречена Ледена палата, сè е уредно и сè е во ред. ми/ https://twitter.com/EarlyStart/status/1328656423685861377

Остани поврзан