СЗО: Лековите употребени за Ковид-19 не успеаја да спречат смрт
- Најновото проучување за терапијата со Ковид-19 покажа дека лековите што се користат за тоа, не успеаја да спречат смртни случаи.
Женева, 16 октомври 2020 (МИА) - Најновото проучување за терапијата со Ковид-19 покажа дека лековите што се користат за тоа, не успеаја да спречат смртни случаи.
Серијата лекови, барем оние кои се користат за лекување на Ковид-19, не успеаја да спречат смрт кај пациенти заразени со новиот коронавирус, покажуваат резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО).
За шест месеци, најголемото контролно истражување во светот за терапијата со Ковид-19 генерира убедливи докази за ефикасноста на прераспределените лекови во третманот на коронавирусот.
- Привремените резултати од истражувањето „Солидарност во процесот на терапија“, координирана од СЗО, покажуваат дека Ремдесивир, Хидроксихлорокин, Лопинавир / Ритонавир и Интерферон се чини дека имаат мал или никаков ефект врз 28-дневната смртност или во болничкиот курс на Ковид-19 меѓу хоспитализираните пациенти, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.
Јашаревиќ истакна дека иако резултатите за првите четири проценети опции за третман се неперспективни, глобалната платформа сега е достапна за брза проценка на ветувачките нови опции за лекување, со учество на речиси 500 болници како места за истражување. гт/