СЗО загрижена поради нападите на израелската армија врз здравствените работници и институции во Либан
- Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е длабоко загрижена од нападите на израелската армија врз здравствените институции во војната против Хезболах во Либан
Женева, 1 ноември 2024 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е длабоко загрижена од нападите на израелската армија врз здравствените институции во војната против Хезболах во Либан.
- СЗО навистина е длабоко загрижена од тековните напади врз здравствениот персонал и медицинските установи во Либан и ние продолжуваме да инсистираме да се направи нешто истите да не бидат цел, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Таа додаде дека „цифрите се навистина шокантни“ и прецизира дека во нападите врз здравствените установи загинале 102 лица, а биле повредени 83 луѓе.
Според Харис, можно е бројот на загинати здравствени работници да е поголем бидејќи некои загинале или се повредени додека не биле на должност. ми/
фото: МИА архива