СЗО апелира јужните болници во Газа да бидат поштедени
- Светската здравствена организација вели дека само 11, или помалку од една третина, од болниците во Газа остануваат делумно функционални и побара тие да останат недопрени.
Женева, 12 декември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација вели дека само 11, или помалку од една третина, од болниците во Газа остануваат делумно функционални и побара тие да останат недопрени.
-За само 66 дена здравствениот систем премина од 36 функционални болници на 11 делумно функционални болници, една на север и 10 на југ, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираните палестински територии, на брифинг на ОН преку видеолинк од Газа.
Тој нагласи дека не може да се дозволе да се изгубат уште здравствени установи и болници,
-Се надеваме, се молиме дека тоа нема да се случи, рече Пиперкорн. мс/
фото: МИА архива