Се санира девијацијата на магистралата А3, кај Црквенски мост во близина на Делчево
- Поради почнување работи за санација на девијацијата на магистралата А3, моментално сообраќајот кај Црквенски мост кај Делчево се одвива по постоечкиот пат. Според информациите од подружницата на „Македонија пат“, на местото поставена е соодветна сообраќајна сигнализација за движење по една сообраќајна лента кај самиот мост.

Делчево, 20 февруари 2025 (МИА) - Поради почнување работи за санација на девијацијата на магистралата А3, моментално сообраќајот кај Црквенски мост кај Делчево се одвива по постоечкиот пат. Според информациите од подружницата на „Македонија пат“, на местото поставена е соодветна сообраќајна сигнализација за движење по една сообраќајна лента кај самиот мост.
-По завршување на санацијата на девијацијата, сообраќајот повторно ќе се одвива по помошниот пат (девијацијата) се до отстранување на проблемот со оштетениот мост кај Црквенска Река, истакнаа од подружницата на „Македоднија пат“.
Според информациите оттаму, паралелно тече постапката за санација на самиот мост, со што во наредниот период се очекува да биде саниран овој проблем на делницата од магистралата А3, кој настана како резултат на поплавите кои го зафатија Делчево во изминатите две години. вс/мд/
Фото: МИА