• недела, 22 декември 2024

Се преврте брод во Нигерија, 100 лица се водат за исчезнати

Се преврте брод во Нигерија, 100 лица се водат за исчезнати

Абуџа, 29 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 100 лица исчезнаа кога брод што ги превезуваше на реката Нигер до пазарот се преврте во северна Нигерија.

Најголем дел од исчезнатите се жени, соопштија денеска властите.

Најмалку осум се удавија, а нуркачите трагаат по останатите, јавуваат локалните медиуми кои додаваат дека во чамецот имало повеќе од 200 луѓе, а најверојатно бил преоптоварен.

Ваквите инциденти стануваат се почести во најнаселената африканска земја додека властите се борат да воспостават безбедност и да спроведат прописи за воден транспорт.

Причините за повеќето несреќи се пренатрупаноста и неодржувањето на чамците што жители ги градат во обид да превезат што повеќе патници не водејќи сметка за безбедноста.

Властите дури не успеаја да наметнат употреба на елеци за спасување кои се или скапи или недостапни во таа земја. паг/

Фото: ЕПА


  

 

 

Остани поврзан