• четврток, 26 декември 2024

Се поставуваат хибридни колектори во градинката „Мајски цвет“ во Карпош

Се поставуваат хибридни колектори во градинката „Мајски цвет“ во Карпош
Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) - Во тек е поставувањето на првите хибридни колектори на кровната површина на градинката „Мајски цвет“ (објект „Јасмин“), во населбата Тафталиџе 2, информираат од Општина Карпош. Како што стои во соопштението, овие колектори, преку искористувањето на сончевата енергија, ќе произведуваат 300 литри санитарна топла вода, која ќе се користи за потребите на кујната на оваа детска установа. Колекторите заменуваат четири електрични бојлери од 80 литри. Колекторите, исто така, ќе произведуваат 3,2 киловати струја за градинката, а вишокот на електрична енергија, преку двосмерно броило, ќе се предава на мрежата на ЕВН. Од Општината велат дека инвестицијата е во вредност од 296.000 денари, а дел од опремата е донација од компанијата „Солар и Квазар“. ар/скс/

Остани поврзан