• петок, 30 август 2024

Се поголем бројот на нови крводарители во Делчево

Се поголем бројот на нови крводарители во Делчево

Делчево, 6 октомври 2023 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска се реализираше уште една редовна крводарителска акција на која граѓаните подарија 67 крвни единици. Главна оценка на организаторите е дека е се поголем бројот на новите дарители од Делчево и регионот.

-Од таа причина сакаме да се заблагодариме до сите хумани граѓани кои даруваат крв и придонесуваат да се спаси нечиј живот. Овде мислиме на сите без разлика дали се првократни или повеќекратни дарители, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Оттаму апелираат на помасовен одзив на младите, кои до крајот на годината ќе имаат можност уште најмалку двапати да даруваат крв.

-Првата можност е на почетокот на ноември, додека последната во месец декември, кога завршуваат крводарителските акции за оваа година, додадоа организаторите на денешната акција.

Според статистиката, досега за период од десет месеци надмината е зацртаната бројка на крвни единици како дел од годишниот план за крводарување во Пијанечкиот регион. вс/бт/


Фото: МИА

Остани поврзан