• сабота, 23 ноември 2024

Се повредил затвореник, на пат кон болница починал

Се повредил затвореник, на пат кон болница починал

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Затвореникот Д.Ф.(35) од Скопје вчера во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје  искршил стакло, се повредил, по што почнал обилно да крвари. Починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера, во 12.35 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Идризово. Настанот се случил околу 12 часот во установата, во просторија за посети.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. мд/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан