• понеделник, 15 декември 2025

Се одржа 25. Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“

Се одржа 25. Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“

Кочани, 14 декември 2025 (МИА) - Во спортската сала кај Гимназијата во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење – слободен стил   „Легендите на Спартак“.

Турнирот, во почетокот беше инспириран од прераната смерт на борачот на „Спартак“, Ангел Андонов. Денеска, веќе, претставува симбол на почит кон сите починати борачи на клубскиот вицешампион на Европа од 1976 година. 

Моеморијалот „Легендите на Соартак“ годинава беше посветен на 63-те млади животи, трагично згаснати во несреќата во дискотеката „Пулс“. Генерален покровител беше Општина Кочани.

На турнирот учествуваа шеесетина млади борачи од клубови од Македонија, Бугарија и Косово, кои ги манифестираа своите вешетини во меѓусебните борби.

На турнирот присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој на чинот на отворањето, порача дека Општината и понатаму останува посветена на поддршката на спортот и на спортските вредности што ги поседува и гради со децении. ис/зс

фото: МИА

 

Остани поврзан