Мекиќ повторно во дресот на првакот на Хрватска
- Македонскиот кошаркарски репрезентативец повторно ќе го облече дресот на хрватскиот шампион Задар
Задар, 9.март 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ повторно ќе го облече дресот на хрватскиот шампион Задар. Во својата кариера Мекиќ во сезоната 2023/24 беше дел од хрватскиот тим што значи дека повторно ја обновува соработката со овој тим.
Мекиќ сезонава настапуваше за прволигашот од Косово, Бора и имаше просек од 11,1 поен по натпревар.
Во кариерата Мекиќ има настапувано за повеќе екипи од Македонија: МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Куманово, Охрид, ТФТ и Вардар, а во странство покрај во Задар и Бора има играно и за Тимисоара од Романија.
Во тековните претквалификации за Евробаскет 2029 настапи на сите четири натпревари, на кои македонските кошаркари постигна победи и има просек од 6,5 поени по натпревар. мн/
Фото: Фејсбук МКФ