• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се асфалтираат улицата „Румена Хаџипанзова“ и нејзините краци во Драчево

Се асфалтираат улицата „Румена Хаџипанзова“ и нејзините краци во Драчево

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Се асфалтираат улицата „Румена Хаџипанзова“ во населбата Драчево и нејзините краци, со што, како што информира Општина Кисела Вода, се решава тридеценискиот проблем на жителите од овој дел на општината. Овој инфраструктурен зафат опфаќа површина од 6.500 квадратни метри, односно 1.500 метри должина, каде што во еден дел се врши комплетна реконструкција, а во друг дел се гради сосема нова улица.

Според локалната самоуправа, работите напредуваат со одлична динамика и во наредните денови ќе заврши целосната реконструкција.

- Овој проект е дел од стратегијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општина Кисела Вода, со што се обезбедува рамномерен развој и подеднакви услови за живот во сите населени места. Со вакви капитални проекти, локалната самоуправа овозможува модерна и квалитетна инфраструктура, што значително ќе го подобри секојдневието на граѓаните, се наведува во соопштението.

Во писмената изјава на градоначалникот се истакнува дека улицата „Румена Хаџипанзова“ повеќе од 30 години била во катастрофална состојба, создавајќи секојдневни проблеми за жителите.

- Конечно ставаме крај на тој проблем - за само неколку дена оваа улица ќе добие комплетно нов лик, со модерен асфалт, квалитетна подлога и значително подобрена безбедност во сообраќајот. Ова не е само уште еден инфраструктурен проект, туку дел од поголемата визија за Кисела Вода - општина каде секој жител ќе има пристап до современи услови за живот. Нашата стратегија за целосна инфраструктурна обнова продолжува со несмалено темпо, затоа што секој дел од општината заслужува еднаков третман и подобрени услови, нагласува градоначалникот. бд/бак/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан