Серија мали земјотреси ја погодија Хрватска
- Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Загреб, 22 февруари 2024 (МИА) - Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според ЕМС. Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран и во Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, бил IV-V степени ЕМС, соопшти сеизмолошката служба. ссм/