• четврток, 26 декември 2024

Сенаторот Боб Менендез изјави дека е невин по федералните тужби за корупција, нема да си даде оставка 

Сенаторот Боб Менендез изјави дека е невин по федералните тужби за корупција, нема да си даде оставка 

Вашингтон, 25 септември 2023 (МИА) - Боб Менендез, демократски сенатор од Њу Џерси, денеска на прес-конференција изјави дека е невин по федералните тужби за корупција подигнати против него викендов и сигнализираше дека нема да си даде оставка. 

Тој изјави дека обвиненијата се сериозни и укажа на претстоечка борба против тужбите како за него „најголема досега“. Побара презумпција на невиност додека не се докаже вината. 

-Цврсто сум убеден дека кога ќе се исложат сите факти, не само што ќе бидам ослободен, туку и се уште ќе бидам висок сенатор на Њу Џерси, изјави Мененедез денеска на прес-конференција во американскиот Конгрес. 

Министерството за правда на САД го обвини Менендез за примање мито.  

Според истрагата, сенаторот и неговата сопруга Надин Арсланјан од тројца бизнимени од Њујорк добиле готовина, златни прачки, исплати на сметка на погасување кредит за куќа и луксузен автомобил. Бизнисмените му платиле на сенаторот за покровителство и дејствија „во полза на државата Арапска Република Египет“. Истрагата за случајот Министерството ја водело околу една година. 

Се дознава дека во домот на Менендез се откриени речиси половина милион долари во готовина и златни прачки во вредност од 100 илјади долари. Во гаражата бил паркиран луксузен кабриолет Mercedes-Benz, за што се претпоставува дека го добил како подарок за спречување на кривична истрага што се водела против еден од бизнисмените. 

Според обвинението, овие наоди се јавуваат како докази на вина за примање мито од страна на сенаторот. 

Списокот на избрани официјални лица од двете партии кои повикуваат Менендез да си даде оставка се зголемува. Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, републиканец, викендов изјави дека обвиненијата се „мошне штетни“. Демократските претставници Адам Шиф од Калифирнија и Дин Филипс од Минесота изразија повици за оставка. 

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи изјави дека фактите од случајот се „толку сериозни што ја компромитираат способноста на сенаторот Менендез ефективно да ги претставува луѓето од државата“ и повика тој да си даде оставка. кб/мс/

Остани поврзан