• вторник, 24 декември 2024

Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол

Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

-Лично ги познавам повеќе луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

-Структурата во подграноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму, рече Селмани. нд/вј/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан