• среда, 27 ноември 2024

Селекторот на Португалија Мартинез во блиска иднина ќе се сретне со Роналдо

Селекторот на Португалија Мартинез во блиска иднина ќе се сретне со Роналдо

Лисабон, 12 јануари 2023 (МИА) - Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез наскоро ќе се сретне со напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.

Како што објави „Maisfutebol“, Мартинез веќе одржал неколку состаноци со португалските фудбалери: Тиери Кореја, Андре Алмеида, Руј Силва и Вилијам Карваљо. Во блиска иднина Мартинез ќе се сретне со Роналдо.

На 9 јануари, Роберто Мартинез беше назначен на функцијата селектор на португалската репрезентација. На оваа функција тој го замени Фернандо Сантос.

Триесет и седумгодишниот Роналдо дебитираше за националниот тим во 2003 година на мечот против Казахстан. Вкупно за португалската репрезентација одигра 196 натпревари, постигна 118 гола и оствари 43 асистенции. зс/

Остани поврзан