Седум судии избрани за претседатели на судови потпишаа свечени изјави во Судски совет
- Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје - Бесник Авдија, Основниот суд Битола - Татјана Петровска, Основниот суд Неготино - Билјана Толова, Основниот суд Кичево - Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка - Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп - Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип - Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава.
Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје - Бесник Авдија, Основниот суд Битола - Татјана Петровска, Основниот суд Неготино - Билјана Толова, Основниот суд Кичево - Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка - Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп - Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип - Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.
Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови. ар/бак/
Фото: МИА