• вторник, 24 декември 2024

Седум локалитети во ЕУ добија статус на „европско наследство“ 

Седум локалитети во ЕУ добија статус на „европско наследство“ 

Брисел, 12 април 2024 (МИА) - Европската комисија донесе одлука со која на седум локации во Европа им се доделува статусот на „европско наследство“, поради нивната клучна улога во историјата и културата на континентот. 

Станува збор за Цистерцискиот Пејзаж, што се протега од Словенија, преку Австрија, Германија и Чешка до Полска, за манастирот „Сан Херонимо де Јусте“ во Шпанија, музејот „Нашиот Господ на таванот“ во Холандија, кралскиот куклен театар „Тун“ во Белгија, финската Келевала, концертната сала „Романски Атенеум“ во Романија и селото Санта Ана ди Стацема во Италија. 

Честитајќи им на седумте локации за добивањето на новиот статус, еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова оцени дека тоа претставува признание за тимовите што стојат зад нив. 

- Заедно, тие го продлабочуваат нашето сфаќање и ценење за културата и историјата на Европа. Ги охрабрувам сите да ги посетат овие локации: секоја од нив е уникатно и збогатувачко искуство, истакна Иванова. 

Новите седум локации беа избрани во конкуренција на 16 номинирани предлози избрани во потесниот круг од земјите членки на ЕУ кои учествуваа во процесот на селекција. Официјалната церемонија на доделувањето на новиот статус ќе се одржи на 17 април во белгискиот град Антверпен. 

Со овие седум локации, вкупниот број на места во ЕУ што имаат статус на европско наследство се искачи на 67. 

Статусот на европско наследство им се доделува на споменици, природни или урбани локалитети, објекти од културата, културни добра и нематеријално наследство, со што се признава нивната клучна улога во развојот на европската историја и култура. сп/

Фото: Интернет

Остани поврзан