• среда, 27 ноември 2024

Седници на комисиите за одбрана, труд и социјална политика и за економски прашања

Седници на комисиите за одбрана, труд и социјална политика и за економски прашања

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања и за труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Долгорочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС) 2023-2032, каде е наведено дека успехот на трансформацијата на Министерството за одбрана и Армијата, меѓу другото, зависи и од поврзувањето на ДПРОС со клучните одбранбени приоритети и од нивната синхронизација со програмите на системот за Планирање, Програмирање, Буџетирање и Извршување. Владата, стои во документот, ќе обезбеди соодветни услови за поддршка на спроведување на ДПРОС, процесите на модернизација и опремување на Армијата и на тој начин со правилно раководење со човечките, материјалните и финансиските ресурси ќе се постигне најдобри резултати во натамошниот развој на одбраната.

-Поаѓајќи од фактот дека реформските процеси може да се спроведат само преку стабилно финансирање на одбраната, Владата останува на определбата за постепено зголемување на одбранбениот буџет за 0,2 процентни поени на годишно ниво. Целта е висината на одбранбениот буџет до 2024 година да достигне 2 процента од БДП, што е во согласност со одлуките на Самитот на НАТО во Велс. Националната намера е задржување на стабилно буџетирање на одбраната од минимум 2 шроцента од БДП после 2024 година, се наведува во воведот за Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, чиј предлгача е Владата.

Комисијата за труд и социјална политика треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници
на проекти од национален и стратешки интерес за Република Северна Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, пак, е Предлог законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, во второ читање. дма/лв/

 

 

Остани поврзан