• среда, 12 март 2025

Северноатлантскиот совет во посета на Косово 

Северноатлантскиот совет во посета на Косово 

Брисел, 11 март 2021 (МИА) – Членови на Северноатлантскиот совет, предводени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и заменичката генерална секретарка Радмила Шекеринска, денеска ќе престојуваат во Косово во посета на меѓународната мисија предводена од Алијансата, КФОР. 

Како што соопшти НАТО, Руте, Шекеринска и постојаните амбасадори на земјите членки при Алијансата ќе имаа средби со командантот на КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани, како и со директорот на Советодавниот тим за врски на НАТО (НАЛТ), бригадниот генерал Кристијан Наврат. Покрај ова, тие ќе имаат можност и за разговори со војници ангажирани во НАТО и НАЛТ. 

Предвидено е делегацијата на НАТО да има средби и со шефот на Мисијата на Европската Унија во Приштина, Аиво Орав, со првиот човек на ЕУЛЕКС, генерал-мајор Џовани Барбано, со специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН и шефица на УНМИК, Каролина Зиадех и со в.д. раководителката на Мисијата на ОБСЕ, Корнелија Тејлор. 

Дополнително, како што се наведува во соопштението, Руте ќе се сретне и со претседателката на Косово Вјоса Османи и со косовскиот премиер Албин Курти. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан