• понеделник, 23 декември 2024

Северна Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во ноември

Северна Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во ноември

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - „Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.

- Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот.

Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни. Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во државава.

Нашата држава, лани во Франција ја претставуваше Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“. бд/бак/

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Остани поврзан