• среда, 27 ноември 2024

Северна Македонија земја партнер на годинашниот саем за туризам во Ниш

Северна Македонија земја партнер на годинашниот саем за туризам во Ниш

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Северна Македонија е земја партнер на годинашниот саем за туризам во Ниш што се одржува од 30 март до 1 април. 

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) денеска информираа дека на македонскиот штанд кој ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости на земјата коегзибитори се општините Демир Капија и Гевгелија. 

- Соработката меѓу Северна Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надеваме дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

Во рамки на саемот, директорот на АППТ, Љупчо Јаневски и претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелковски учествувале на панел дискусија за дестинациски менаџмент во туризмот,  стручно туристичко-угостителско образование и хотелиерство.

Од АППТ посочуваат дека промотивните активности фокусирани на алтернативните форми на туристичка понуда како викенд пакети за српските туристи, позитивно се одразиле врз зголемувањето на бројот на туристи, кој во последниве неколку години изнесува повеќе од 45 проценти.

- Вкупниот број на српски туристи е 63.834 за 2022 година, што го надминува бројот на посети од одличната 2019 година. Се радуваме на новата авио линија Охрид-Белград која ќе овозможи дополнителна туристичка размена и патување до дестинациите, велат од АППТ.

Оттаму најавуваат дека на 20 април ќе организираат Б2Б настан за тур оператори во Скопје и информативни патувања за новинари и инфлуенсери во соработка со Туристичката организација на Србија. бак/аа/

 

Остани поврзан