• среда, 27 ноември 2024

СДСМ: Со максимална одговорност и доследно почитување на мерките да го заштитиме своето и јавното здравје

СДСМ: Со максимална одговорност и доследно почитување на мерките да го заштитиме своето и јавното здравје

Скопје, 7 април 2021

Новите рестриктивни мерки се со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали огромниот притисок врз здравствениот систем, во екот на третиот, досега најсилен бран на пандемијата со коронавирусот во државата. Во изминатиот период имаше драматичен скок на бројот на новодијагностицирани случаи и огромен наплив на пациенти во болниците. И покрај тоа, со отворање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација, за секој пациент е обезбеден болнички кревет. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа се воведени нови засилени мерки кои предвидуваат забрана за движење од 20 до 5 часот наутро наредниот ден, затворање на угостителски објекти, освен за подготовка на храна која може лично да се подигне или да биде доставена, потоа обложувалниците, кои исто така можат да работат само шалтерски, затворени се теретаните, вежбалните, спортските центри, а забрането е да се организираат семинари, обуки, работилници. Важат и претходно донесените мерки за задолжително носење заштитна маска, марама или шал, редовна дезинфекција, одржување дистанца и забрана за групирање на повеќе од четворица. Овој многу сериозен период бара максимална одговорност од сите граѓани. Секој со доследно почитување на мерките придонесува за заштита на своето и на јавното здравје. Само заедно можеме да се справиме со големиот предизвик што ни го донесе пандемијата со коронавирусот. Центар за комуникации со јавноста, СДСМ ____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан