• недела, 06 октомври 2024

СДСМ: ДДВ за струјата се намалува на 5 отсто, за помали сметки за граѓаните

СДСМ: ДДВ за струјата се намалува на 5 отсто, за помали сметки за граѓаните
Скопје, 15 јули 2021
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кое ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.
И покрај обидите за блокада од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ уште еднаш покажа посветеност во заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.
Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.
СДСМ секогаш е на страната на граѓаните и се грижи за подобрување на животниот стандард.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
_______________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан