СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух
- Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето. Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух.
Скопје, 5 јануари 2024
Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух
Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето.
Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух.
Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори.
ДПМНЕ не презема буквално ништо.
Нема мерки за намалување на актуелното загадување, ниту пак долгорочни решенија.
Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина, туку напротив, парите за таа намена постојано се намалуваат.
Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место.
Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива