• среда, 25 декември 2024

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот за Законот за бранители

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот за Законот за бранители

Скопје, 13 септември 2024 

Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа.

Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од унгарската банка, исто така треба да ја закаже и седницата на оваа комисија. 

Дали Мицкоски повторно ќе коленичи и замолчи пред Гаши за игнорирање на Деловникот заради политички причини? Ќе извисат ли бранителите заради спас на Гаши и желбите на ВЛЕН?

Ако Мицкоски вели дека треба дава недвосмислена поддршка за бранителите, еве му можност тоа да го докаже. Нека му се јави на Гаши да го стави Законот на комисиска расправа.

СДСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фотто МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан