СДСМ: Богоев и Кичевски на средба со Сојузот на борците
- Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев и претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски денеска беа во посета на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, каде се сретнаа со претседатели на општинските одбори на Сојузот. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на СДСМ со Сојузот, за идни активности, но и за конкретни чекори за одржување на духот и делото на НОБ како темел на македонската државност.
Скопје, 22 февруари 2023
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев и претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски денеска беа во посета на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, каде се сретнаа со претседатели на општинските одбори на Сојузот.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на СДСМ со Сојузот, за идни активности, но и за конкретни чекори за одржување на духот и делото на НОБ како темел на македонската државност.
Покрај тоа беше договорено и заедничко оддавање почит на Кузман Јосифовски Питу на денот на неговата смрт, на неговиот споменик во скопската општина Карпош.
„СДСМ е наследник и продолжувач на делата и вредностите на хероите од антифашистичката борба и ќе продолжи да се води од заложбите за слобода, демократија, солидарност и еднаквост. Како политичка партија која ги предводи институциите остануваме посветени на решенија за унапредување на статусот на Сојузот на борци и граѓаните кои се негови поддржувачи. Владата, преку Министерството за култура оваа година ќе ги реконструира сите споменици и спомен обележја кои се однесуваат на периодот од НОБ. Тоа им го должиме на нашите славни предци“ порача потпретседателот Богоев.
Центар за комуникации со јавноста
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.