• вторник, 24 декември 2024

СДММ: Отворено писмо до европските лидери за почеток на преговарачкиот процес со ЕУ

СДММ: Отворено писмо до европските лидери за почеток на преговарачкиот процес со ЕУ
Скопје, 20 јуни 2022 Социјалдемократската младина на Македонија заедно со подмладоци на сестринските партии од регионот, напиша отворено писмо до Европските лидери во кое се бара почеток на преговарачкиот процес меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Во писмото е потенцирано дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е прашање на безбедност и дека итни активности треба да бидат преземани веднаш. Отвореното писмо ќе биде испратено до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, членовите на Европскиот совет, како и претседателите и премиерите на националните влади на Европската унија, а пред почетокот на состанокот на Советот на ЕУ на кој ќе се расправа за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија, закажан за 23 јуни 2022 година, во Брисел. Главните препораки во писмото се однесуваат на Северна Македонија и Албанија, каде младите ги повикуваат европските лидери и Европскиот совет: Да ги следат препораките со големо мнозинство одобрени од Европскиот парламент, во извештаите 2021/2244 (INI) за Албанија и 2021/2248 (INI) за Северна Македонија, и да ги започнат преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија; Да се промовираат и организираат првите меѓувладини конференции за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија најдоцна до крајот на годината. Во прилог на писмото ќе бидат доставени и илјадници потиси од млади луѓе од Западен Балкан, собрани преку јавна петиција која се спроведуваше во изминатите неколку денови. Оваа активност е спроведена од Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци (ИУСИ), каде Социјалдемократската младина на Македонија е полноправна членка. Младите од Западен Балкан имаат исти потреби и исти приоритети, како младите низ цела Европа, сакаме инклузивна и одржлива иднина за нас и за идните генерации, сакаме еднакви можности за пристојни работни места, образование или обука, еднакви права за патување и истражување. Ние се чувствуваме европски, ние сме дел од Европа – стои во писмото. На крај младите ги повикуваат европските лидери да ја вратат надежта и да покажат дека сега е време да се оди напред кон интеграцијата во ЕУ и дека Западен Балкан е дел од европското семејство! Целосниот текст на писмото е достапен на линкот: https://iusy.org/category/home/western-balkans-integration-in-the-eu-is-urgent/ СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан