• вторник, 24 декември 2024

СВР Тетово со едукативен проект со цел да превенира говор на омраза кај средношколците  

СВР Тетово со едукативен проект со цел да превенира говор на омраза кај средношколците   

Тетово, 10 мај 2021 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово утре ќе стартува со финалните активности на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција. Преку посебни предавања досега вкупно биле опфатени над 3.000 средношколци од прва година од Полошкиот регион.

Во рамки на овие активности, на педесетина ученици и нивните ментори ќе им бидат дистрибуирани сликарски материјали, со кои тие дома ќе изработуваат уметнички творби на тема „Не навредувај, различности почитувај“. Целта на проектот е и да се упати порака да се почитуваат различните мислења, припадности и ориентација, со цел да се поттикнат вистинските вредности и критериуми меѓу младите и да се намалат насилни и други постапки, како последица на претходно искажан и споделен  говор на омраза, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Делата, кои ќе бидат изработени со овие материјали кон крајот на месецот, ќе бидат изложени во Тетово и Гостивар, со порака да му се застане на патот на говорот на омраза кој, за жал, е присутен, најмногу на социјалните медиуми и во што најчесто се инволвирани ученици од средношколска возраст. ас/ар/

 

Остани поврзан