• вторник, 24 декември 2024

Свештената Пречистанска Обител ги поканува верниците за достојно одбележување на манастирската слава

Свештената Пречистанска Обител ги поканува верниците за достојно одбележување на манастирската слава

Дебар, 5 април 2024 (МИА) - Сестринството од манастирот на Светото Благовештение - Пречиста Кичевска информира дека се е подготвено за достојно одбележување на манастирската слава и ги повикува верниците да бидат дел во оваа радост.

-Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата. Затоа, со особена радост ве покануваме заедно достојно да го одбележиме, стои во објавата на Бигорскиот манастир, под чии закрила е и овој манастир.

Акатистот на Пресвета Богородица ќе биде денеска во 19 часот, утре во 16 мала вечерна, а сеноќното молитвено бдение ќе започне во 20:30 часот, додека Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во недела, во 9 часот.

-На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и игумен, епископ Антаниски г. Партениј, се додава во објавата.

Сестра Харитина, старешинка на манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево, за МИА рече дека во чест на празникот Благовештение, кој е христијански празник на жената, сестринството подготвило многу интересни содржини за сите присутни.

-Посебна чест ни е тоа што ќе имаме прилика на секоја жена, мајка, девојка, да и подариме картичка со икона од Пресвета Богородица, во спомен на Благовештението на Мајката Божја кој е хростијански празник на жената и мајката, вели сестра Харитина.

Како и изминатите години и овој пат се очекува масовно присуство на верници од сите делови на државава, во овој познат средновековен манастир во близина на Кичево, а кој е основан 1316 година. вт/мд/

Остани поврзан