Светската федерација на глуви задоволна од достапноста на информациите за јавното здравство до глувите лица
- Светската федерација на глуви со задоволство истакнува дека пристапот до важните брифинзи за јавно здравство од страна на владини претставници стануваат достапни на националните знаковни јази
Скопје, 15 април 2020 (МИА) - Светската федерација на глуви со задоволство истакнува дека пристапот до важните брифинзи за јавно здравство од страна на владини претставници стануваат достапни на националните знаковни јазици во многу земји низ целиот свет.
- Идентификувавме повеќе од 80 земји со толкување на знаковниот јазик на прес-конференциите поврзани со пандемијата на Ковид-19, наведува Светската федерација на глуви, објавувајќи фотографии од прес-конференции на официјални владини и државни претставници, меѓу кои и од Република Северна Македонија.
Во тој контекст, глувите лица и толкувачите во нашата држава велат дека пристапноста до информации за глувите обезбедени од државните институции, никогаш не биле на вакво високо ниво како сега. сп/