• понеделник, 17 март 2025

Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани (видео)

Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани (видео)

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја. 

- Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева. 

Нејзиниот татко вели дека немаат информација за втората ќерка која има 25 години.  вдј/бак/

Видео: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан