• среда, 27 ноември 2024

Сателитските телевизиски канали на украинската медиумска група подложени на кибер напад

Сателитските телевизиски канали на украинската медиумска група подложени на кибер напад

Киев, 17 април 2024 (МИА) - Една од главните медиумски компании во Украина, „1+1 медиа“, денеска соопшти дека нејзините сателитски ТВ канали биле подложени на кибер напад.

Во соопштението на компанијата се вели дека 39 канали, вклучително и некои нејзини, во моментов се недостапни.

„Направен е уште еден обид да се пригуши сателитското емитување на Украина на транспондерот 'Астра 4A 11766 H', каде што се емитуваат 39 ТВ канали“, соопшти компанијата. Таа додаде дека од март Русија започнала „активно пригушување на сигналот“ на ТВ каналите на два сателита кои припаѓаат на европските оператори СЕС и Еутелсат.

Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина претрпе голем број кибер напади, за кои Киев ја обвинува Москва. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан