• понеделник, 23 декември 2024

Сарамандов: Создаваме нова иднина, нова детска градинка и реконструкција на спортскиот објект „Партизан“

Сарамандов: Создаваме нова иднина, нова детска градинка и реконструкција на спортскиот објект „Партизан“
Гевгелија, 7 октомври 2021 (МИА)Мојата предизборна програма се базира на четири веќе добро познати столба, а тоа се следниве: Стратегија за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали, Младите и спортот; Екологија и зелени површини и Урбанизмот, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов на вечерашниот митинг во градот.
Како дел од програмата за реализација тој ја наведе стратегијата за реализација за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали, како овозможување на улови за планината Кожуф во следниот период да стане позната туристичка дестинација.
- Започнување со истражување на ресурсот за богатство со геотермални води заради развивање на бањскиот туризам. Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, Се обрзуваме да создадеме соодветни услови за секој млад човек да работи дома и тука да ја валоризира својата креативност, истакна Сарамандов.
Тој истакна дека се обврзуваат на следните проекти за младите и за изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 за обезбедување на место за сите деца за чување, за формирање младинска театарска група, за враќање на киното и кино-културата во Гевгелија, како и за организација на Урбан музички фестивал.
Сарамандов посочи дека како поранешен спортист планира да обезбеди нормално организирање, финансирање и дејствување на спортските клубови, заради, како што рече, социјалниот ангажман и телесниот развој на најмладите од општината.
- Реализацијата на проектот реконструкциија на спортски објект ДТВ Партизан во Гевгелија ќе придонесе развој на гимнастика, карате, кик боксот, пинг понг, рече Сарамандов.
Во однос на екологијата и зелените површини, рече тој, се обврзуваме веднаш да се обезбедат услови за ставање во функција на привремената депонија кај Ново Конско.
- Се обрзуваме и на изградба на Урбан рекреативен парк кај браната Топлик. Се обрзуваме и на изградба на парк во секое маало во градот и населените места. Се обрзуваме да изготвиме акционен план за чист амбиетален воздух заедно со експертската фела, посочи Сарамандов, додавајќи дека главниот импулс за да има економски раст мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што може да создаде нови работни места и економска благосостојба на долг рок. нд/бк/

Остани поврзан