• среда, 27 ноември 2024

Санкционирани 73 возачи за не пропуштање пешаци на пешачки премин

Санкционирани 73 возачи за не пропуштање пешаци на пешачки премин
Скопје, 15 април 2022 (МИА) - При вчерашната засилена полициска акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, казнети се 73 возачи. МВР известува дека продолжуваат засилените акциски контроли и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, нагласија дека апелираат и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се додава во соопштението на МВР. сан/сп/

Остани поврзан