• среда, 27 ноември 2024

Санкционирани 69 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола, еден од нив со 2,61 промили алкохол

Санкционирани 69 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола, еден од нив со 2,61 промили алкохол

Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) - Санкционирани се 69 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола. Меѓу нив е и возач со измерени 2,61 промили алкохол, информираат попладнево од Секторот за односи со јавност и протокол при Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 10 до 14 часот денеска на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, пишува во соопштението.  бд/вг/

Остани поврзан